ТТЗ - Текстилен кластер како водечки партнер во пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој се реализира по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија одржа еднодневна обука за "Комуникациона стратегија" изработена во склоп на проектот.

Обуката се одржа на 06 октомври 2017 година во Штип. Презентација на Комуникационата стратегија направи експертот Борислава Стоименова од компанијата од Бугарија кои работеше на нејзината изработка. Експертот ја разви оваа стратегија земајќи ги во предвид веќе изготвените стратегија за позиционирање и визија за регионот, како и потребите на целните групи. На настанот присуствуваа 30 учесници преставници на членките на Текстилниот кластер од Македонија од средното и највисокото раководство, како и проектниот тим одговорен за проектот.

На присутните учесници им беше презентиранo дека Комуникационата стратегија претставува алатка за здруженијата и за текстилните компании која ќе им помогне полесно да комуницираат и да добијат признание и придобивки од страна на локалните власти и бизнис секторот, како и од потенцијалните чинители во синџирот на набавка, со цеч да се подобри имиџот на регионот и компаниите да се позиционираат по дефинираната визија за регионот. Им беше посочено дека Комуникационата стратегија претставува план кој ќе им покаже на компаниите кои елементи се потребни и како тие треба да бидат комуницирани и презентирани со цел да го позиционираат регионот како што е дефинирано во развиената Визија за регионот и за исполнување на дефинираните цели во неа.

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
[email protected][email protected][email protected]
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер