На 04 ноември 2017 година во галеријата „Безистен“ во Штип во организација на Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје, модната агенција Подиум, со поддршка од Дом на млади – Штип, винарија Тиквеш, Музеј на град Штип и Хотел Оаза – Штип, пет македонски и шест бугарски текстилни компании ги презентираа своите производи.  Беа презентирани 11 модни брендови од Македонија: „Астибо фешн груп“, „Амор-компани“, „Ист комерц-Санда“, „Кули“ и „Ларс“, и од Бугарија: „Бода стајл“, „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс 2“ и „Валена“.

Пред ревиите публиката имаше можност да го види видео спотот „Одберете креативна професија! Бидете и вие дел од текстилната индустрија“ кој го изработи Текстилниот кластер, со цел на новите генерации да им ги покаже перспективните страни на текстилната индустрија и потенцијалите за кариера во истата и со цел позитивна промоција на македонската текстилна инудстрија.

Настанот беше во склоп на пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија, финансиран од Европската унија преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

  

    

  

  

 

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
[email protected][email protected][email protected]
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер