Во склоп на активноста "вклучување на локалната власт, бизнис секторот и заедницата во зајакнувањето на текстилната индустрија", активност која се релаизира во рамките на пограничниот проект ''Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион „Македонија-Бугарија'', Текстилниот кластер одржа средби на кои учествуваа Градоначалниците на Општините Штип и Делчево, претставници од текстилните компании и средните текстилни училишта од Штип и Делчево. Средбите беа реализирани во насока на воспоставување на добри релации помеѓу образовните институции, локалната власт и бизнис секторот. На средбите беа дискутирани актуелните состојби во текстилната индустрија во градовите Штип и Делчево и во источниот регион, проблемите со недостаток на ученици во средните текстилни училишта, проблемот со недостатокот на стучен кадар во текстилните компании, како и воопшто за негативниот имиџ којшто се креира за оваа гранка која е најголем вработувач во индустријата, со цел заедничко подигнување на имиџот на гранката. Беше отворена дискусија помеѓу учесниците по која сите се согласија дека поради важноста на текстилната гранка за економијата во Македонија и посебно големата концентрација на текстилни компании во источниот регион е важно сите овие чинители заеднички да учествуваат во подигнување на имиџот на гранката, поради тоа што Македонија е сеуште многу атрактивна за странските купувачи, и истите треба да се задржат во насока на зголеување на извозот.

Исто така Текстилниот кластер во склоп на оваа активност реализираше и посети на учениците од средните текстилни училишта од Штип, Делчево, Македонска Каменица и Виница во неколку текстилни компании. Учениците имаа можност да ги видат условите за работа во текстилните компании и да се запознаат со самиот процес на производство, им беше презентирано дека компаниите работат според социјални и етички стандарди, се општествено одговорни и сл. Исто така учениците беа запознаени со креираната Регионална визија, Rегионалниот одбор на развој на регионот, и Контролните точки за квалитет во склоп на проектот. И оваа активност која беше реализирана со цел зголемување на имиџот на текстилната индустрија и привлекување на младите за вклучување во истата, е во склоп на пограничниот проект „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ“, кој Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер како водечки партнер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.

 

 

 

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
[email protected][email protected][email protected]
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер