Текстилниот кластер ги носи своите членки на Б2Б средби во Копенхаген, август 2014
Текстилното Трговско Здружение на Македонија-Текстилниот кластер во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, а поддржана од SIPPO - Швајцарската програма за промоција на извозот, организираат учество на B2B настан за време на одржувањето на Меѓународниот моден саем (CIFF) во Копенхаген, од 02 - 06 Август 2014 година.
CIFF е најголемиот моден саем во Северна Европа. На настанот учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нови купувачи, да ги откријат најновите трендови, и ќе им се отвори можност за пристап до Скандинавскиот моден пазар. Палетата на производи на саемот CIFF е: женска, машка и детска облека и модни додатоци и обувки. За повеќе информации за саемот посетете ја веб страната: www.ciff.dk
Настанот ќе се одржи од 2-ри до 6-ти август 2014 во Копенхаген, Данска.
Доколку сте заинтересирани за учество пополнете ја РЕГИСТРАЦИОНАТА ФОРМА ОВДЕ.